Сопругата на Дурловски проговори за австриските медиуми: Со Игор премногу си ги отворивме устите

Австрските медиуми пишуваат за животот надвор од сцената на светски познатата оперска певица Ана Дурловски, сопруга на осомничениот за тероризам, Игор Дурловски кој цел месец е во истражниот затвор во Шутка.

по претставата во „Ариоданте’’ во државната опера во Штутгард се пожалила дека во Македонија луѓето се плашат, не постои владеење на правото и слобода на печатот.

- Сигурна сум дека тој е невин - изјавила Дурловски објаснувајќи како бил приведен од петнаесетина униформирани полицајци пред нивниот најстар син рано наутро.

Според неа, Игор мирно демонстрирал.

- Многу луѓе од Македонија сакаат на запад, но пред две години ние се одлучивме на спротивен чекор, затоа што сакавме да работиме со искуството стекнато во Германија во нашата земја. Можеби поради годините поминати на Запад, верувавме во слободна мисла и премногу си ги отворивме устите - изјави Дурловски.

 

 

 

25.12.2017 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега