Сообраќајка во Скопје - две лица итно префрлени на Ургентен

На крстосница од регионален пат Скопје – Хидроелектрична централа-Козјак, локалниот пат за Марков Манастир и село Добри Дол, вчера околу 17часот се случила сообраќајна незгода помеѓу три автомобили. Како што соопштуваат од полицијата, во сообраќајката учествувале возилото со марка “Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од 57-годишниот А.З. од Скопје, патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистарски таблици управувано од 33-годишниот М.А. од Скопје и патничко моторно возило “Фолксваген Венто“ со скопски регистарски таблици паркирано од 54-годишниот В.Б. од село Елово-скопско.

По незгодата, со возило на Брза помош во болница итно биле префрлени 55-годишната Б.С. од Скопје и 48-годишниот М.Ш. од Скопје , на кои во Ургентниот центар во Скопје им била укажана лекарска помош. На Б.С. и биле констатирани тешки телесни повреди, по што била задржана на понатамошно лекување на Клиниката за торакална хирургија, а на М.Ш. му биле констатирани телесни повреди. 

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.12.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега