МВР: Сопственик на позната сендвичара ги труел граѓаните

Сопственик на позната сендвичара во Делчево ќе одговара кривично бидејќи пуштил во промет прозиводи кои се штетни по здравјето.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Г.(38) од село Разловци, Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни и други прехрамбени продукти”. Пријавениот на 14.11. и 15.11.2017 година во Делчево на улица „ Н.Ј.Вапцаров”, во сендвичара „Кинг”, приготвил и пуштил во промет сендвичи во кои имало присуство на бактерии „Staphliococus koagulaza“ и „Enterobakteriacea“, со што го загрозил здравјето на шест лица коишто на 15.11.2017 година, се јавиле во „Итната медицинска служба” во Делчево од каде поради влошената здравствена состојба биле пренесени во „Клиничка болница” во Штип.“ - велат во МВР

 

 

 

25.12.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега