Кавадарчанец испраќал недолични фотографии од туѓ профил - внимавајте на вашиот Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.С. од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Имено, пријавениот од 09.05.2016 до 13.06.2016 година преку лажно оформен профил на социјалната мрежа Фејсбук користел слики од Д.Д. од село Бегниште,  Кавадарци,  коишто со пораки, со недолична содржина, ги испраќал на неговите пријатели на Фејсбук.

 

 

 

25.12.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега