Биографија на новиот министер за здравство - кој е Венко Филипче

 Новиот министер за здравство, д-р Венко Филипче (Скопје, 1977), дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, специјализација по неврохирургија почнал во 2003 година а ја завршил во 2008 година. За асистент на Медицинскиот факултет во Скопје е избран во 2004 година, магистрирал во 2011 и докторирал во 2015. Оваа година е избран за доцент на Медицинскиот факултет. 

Се усовршувал во неврохируршките центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих. Во 2012 година завршил фелоушип  по интервентна неврорадиологија со што станал прв неврохирург во околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на Клиниката во Скопје.

Публикувал во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата. Секретар е на Македонското неврохирушко здружение и на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.

Бил покануван за предавач на конгреси организирани од различни асоцијации од областа на медицината и од неврохирургијата во Европа и во  светот. Оженет и татко на еден син.

 

 

 

25.12.2017 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега