Му се слошило во затворот Идризово - починал на скопските Клиники

Ноќеска два часа по полноќ било пријавено дека 39-годишниот Д.Б. од Битола  додека бил во својата ќелија во Казнено поправната установа “Идризово“, му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.

Набргу откако бил примен на клиниката за токсикологија истиот починал. 

Д.Б. во Казнено поправната установа “Идризово“ бил од 03.09.2014 година, а осуден бил на три години и седум месеци.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

26.12.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега