Страшна несреќа во Скопје: Скопјанец се забил во билборд, се бори за живот

Ноќеска половина час по полноќ на булеварот „Србија“ во Скопје патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од страна на 30-годишниот С.М. изгубило контрола и удрило во бандeра и билборд.

Полицијата информира дека  С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Констатирани му се тешки телесни повреди и се бори за живот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.12.2017 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега