Прегазен пешак во Велес итно пренесен во болница

Вчера попладне околу 17 часот во Велес на улица „Благој Ѓорев“ патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со велешки регистерски таблици управувано од 33-годишниот Д.М. од Велес, удрило во пешак.

Се работи за 71годишниот Љ.Н. исто така од Велес, кој се здобил со повреди, по што му била укажана лекарска помош во oпштата болница во Велес, по што бил задржан  на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од полицијата.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.12.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега