Груевски му го даде клучот од најгоемата канцеларија на Христијан Мицкоски

 

Груевски му го предаде Претседателскиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ на новоизбраниот претседател Христијан Мицкоски.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата. Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе преставува фактор во креирањето на стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

 

26.12.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега