Полицијата со детали за избоденото момче во автобус на ЈСП

 

Во 14 часот и 30 минути вчера во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата “Цветан Димов“, во близина на паркот во населбата Чаир, во автобус број 57, дошло до нарушување на јавниот ред и мир на горниот спрат помеѓу две групи на малолетници.

Во еден момент од страна на едно лице зададена му била убодна рана со остар предмет во пределот на ногата на 17 годишен малолетник, по што напаѓачот веднаш избегал, а повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

26.12.2017 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега