Познати причините за смртта на затвореникот од Идризово

Комбинацијата од лекови и наркотици била кобна за 39 годишниот затвореник од казнено поправниот дом Идризово. Како што дознава Press24 од болнички извори, затвореникот кога бил донесен на скопска Токсикологија веќе не давал знаци на живот. Докторите се обиделе да го реанимираат но безуспешно.
Докторите од Брза Помош на колегите од Токсикологија им рекле дека станува збор за предозираност со лекови и дрога. Точните причини за смртта ќе ги даде обдукцијата.

 

 

 

 

 

26.12.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега