Му се нафрлило од зад грб - тројца скопјани каснати од куче

Уште три напади од куче се пријавени во полициските станици Скопје.

Во 12:00 часот 21-годишниот А.Т. пријавил дека на 23. годинава  околу 21 часот на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница.

На 24. во полиција се јавил 29-годишниот Т.Н. и пријавил дека истиот ден околу 19 часот и 40 минути на улицата Иван Хаџи Николов од страна на куче скитник бил каснат во пределот на левата нога.

Т.Н. побарал лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

Исто така, вчера во 19,30 часот, 30-годишната С.Б. пријавила дека претходниот ден околу 19 часот на улицата  Иван Хаџи Николов ја нападнало куче скитник кое ја каснало за левата нога. 

 

 

 

26.12.2017 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега