Младо момче во безсознание донесено на скопските Клиники - лекарите не можеле да го спасат

Во три часот по полноќ од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавено е дека починал 26-годишниот М.Ј. од Кратово, кој со возило на Итна медицинска помош Куманово бил донесен на клиниката претходниот ден околу 22 часот и 15 минути.

Од страна на полициски службеник извршен е разговор со докторот кој го примил лицето, во бесознание и бил под дејство на наркотични средства.

За жал, во  02 часот и 50 минути тој починал.

Во консултација со Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.

 

 

 

26.12.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега