Музејот на македонската борба доби признание за ентузијазмот и големите достигнувања

Музејот на македонската борба беше номиниран за најдобар музеј во Европа за наградата „Мичелети“ за 2013 година.

Во конкуренција на 21 врвна институција од Европа музејот добил посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство.

Инаку, наградата „Мичелети“ за 2013 година ја доби Армискиот военоисториски музеј од Дрезден, Германија. 

ФОТО: Сител 

најчитано сега