Мицкоски: Илија Димовски сам се повлече - одлука за враќање во Собранието се уште нема
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски заедно со пратеничката група даде изјава пред Собранието, од каде порача дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев.
„Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече“, рече Мицкоски. Тој негираше дека Димовски се повлекол поради незадоволство и за причините за одлуката упати да се побара одговор од него.
На остататите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори, додаде Мицкоски.
Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на денешното обараќање на претседателот на дрѓавата во Спобранието. Мицкоски оцени дека говорот на претседателот Ѓорге Иванов рече дека бил содржаен и ги опфатил сите теми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа