Скопјанка отишла на интервју за работа - сопругот полицаец ја извлекол од таму за коса

Во 16 часот и 30 минути вчера во Полициско одделение “Петровец“, 33-годишната Ј.К. пријавила дека околу 14  часот во фирма во село Марино, каде што била на интервју за работа, дошол нејзиниот сопруг, 36-годишниот П.К. кој е полициски службеник со кого не живеат заедно околу една година и истиот почнал да ја навредува и да ја влече за коса.

Ј.К. побарала лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за што приложила медицинска документација.

Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди и од П.К.  биле одземени службеното оружје, палката и лисиците за врзување. Се преземаат мерки за целосно  расчистување на случајот.

 

 

 

26.12.2017 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега