Ременски го оцени како срамен говорот на претседателот Иванов

Пратеничката од редовите на СДСМ, денеска по годишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов, рече дека говорот бил срамен:

„Иванов не успеа да се надмине и да даде придонес за надминување на конфликтите. Срамен партиски говор. Десет години Иваниов за ништо не крена глас. Ниту за монтираните процеси, за корупцијата, за прогонот на неистомидленици, масовните грабежи, еколошките проблеми… Ниту за настаните од 24 декември 2012 година. А најмлку за обидот за нарачаните убиства во собранието на 27 април. Наместо да се прецизираат причинителите меѓу кои е и тој самиот. Тој се обидува да фрли дамка на обидите на владата за унапредување на добрососедските односи“ нагласи Ременски за денешното обраќање на шефот на државата, пренесе Макфакс.

Инаку, денеска во Собранието беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за да го слушнат обраќањето на Иванов.

 

 

 

26.12.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега