Груби реагира на говорот на Иванов: Законот за јазици е согласно уставот

И пратеникот Артан Груби денеска регираше на годишното обраќање на претседателот Иванов, во Собранието, кој истакна дека со Законот за јазиците се загрозува унитарноста на земјата.

„Со овој закон се заокружува Рамковниот договор потпишан од сите партии и претседателот Борис Трајковски. Овој закон извира од Уставот и е во целосна согласност со него. Иванов треба да биде пример за кохезија на меѓуетничките и добрососедските односи“, рече Груби по обраќањето на шефот на државата, пренесе Макфакс.

 

 

 

26.12.2017 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега