Таравари преку писмо бара од полицијата да не им пишува казни на иселениците кои ќе дојдат во Гостивар

Преку писмо до началникот на полициската станица, градоначалникот Таравари бара полицијата да биде коректна кон иселениците кои за празниците се дојдени во Гостивар.

- Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари што го држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само  затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот! Му пишува во псимот оТаравари на командирот од Гостивар.

Од МВР ги демантираат тврдењата на градоначалникот од Гостивар и велат дека контролите пред празниците дополнително ќе бидат засилени.

Таравари во писмото на командирот му замерува и што не нашол нашоил време да одговори на барањата за контакт со него, порачувајкки му да им помогне на ислениците за празниците да не им се претворат во кошмар.

- Убеден сум дека ќе го послушате и ќе го почитувате моето барање, не само затоа што Полициската станица е во надлежност на Општина Гостивар, туку особено поради тоа што вие сте личност што треба да знае дека вашата работа е да ги штитите граѓаните а не да ги казните, а пред сè Иселениците, што е грев да ги пречекаме  со глоби наместо со љубов и почит! пишува Таравари. 

 

 

 

26.12.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега