Владата ќе формира специјален суд и ново специјано обвинителство за да гони полицајци

Владата ќе формира специјално обвинителство и суд за полицајците и затворските чувари.

Владата го разгледа и утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот  за судовите. Донесувањето на овој закон има за цел да овозможи воведување на ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам. Со измените во законот ќе се овозможи Специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, да постапува по кривични предмети за кои, ново формираното Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во рамки на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, има надлежност да спроведува кривична истрага и гонење за кривични дела кои се однесуваат на членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права.

Министерство за правда го предложи, а владата го разгледа и усвои Предлог – законот за дополнување на Законот за извршување на санкциитe. Со предложените дополнувања на законот се овозможува највисока можна објективност на истрагите за пречекорувањата на затворската полиција, заради обезбедување на непристрасна оценка во заштита на човековиот дигнитет.Владата го разгледа и утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство. Со предложените измени и дополнувања на Законот за јавното обвинителство се врши формирање на посебно Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, се предвидува неговата надлежност, формирањето на истражен центар, како и други прашања поврзани со ова посебно одделение.

 

 

 

26.12.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега