Вечерва првиот меч од реваншот во 1/2 во ЛШ - Мурињо ќе напаѓа до крај

Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо истакна дека во вечерашниот натпревар против Борусија Дортмунд во рамките на полуфиналето од Лигата на шампиони, ќе напаѓа до крај за да ја анулираат негативата од три гола разлика. Германскиот тим со погодоците на Левандовски го доби првиот дуел со 4:1 и сега на „кралскиот тим“ ќе му требаат три погодоци, а притоа да не примат ниту еден ако сакаат да се пласираат во големото финале. Мурињо дополни дека нападот ќе го предводи Кристијано Роналдо иако Португалецот се здоби со мала повреда од првиот меч. Тој нагласи дека неговите фудбалери се подготвени да го чуваат својот гол 90 минути и доколку успеат да се пласираат тие ќе бидат заслужни за победата, а доколку загубат, тој е подготвен да ја превземе целосната одговорност. Сепак „специјалниот“, дополни дека неговата иднина во клубот не зависи од тоа дали „кралскиот клуб“ вечерва во мечот кој стартува од 20:45 часот ќе оствари поволен резултат или не. Другиот меч се игра утре меу Баерн и Барса.