Место со срце: Да донираме за децата без родители

На 22 локации во Скопје од денеска до 29 декември граѓаните ќе можат да донираат средства за децата без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. Акцијата е во организација на  СОС Детско село, а во рамки на  кампањата „Место со срце“.

Оваа тридневна активност, како што појаснуваат организаторите, има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители

СОС Детско село ги поканува сите кои сакаат да им дадат радост на децата без родители да ги посетат Фурна, Соул Китчен, Пастрмајлија Грил Хаус, Интермецо, Воденица Мулино, Дукат, Бруклин, Чептер, Тренд, Плеј Кафе, Имагинариум, Мартини, Мр. Џек, Чардак, Бела Виста, Каса Кубана, Дион, Палма и Сити Хол Центар. Тие се директно вклучени во поддршката на кампањата и може да се најдат според уникатниот брендинг на влезната врата или на следниов линк: https://www.scribblemaps.com/maps/view/Mesto_so_srce/f5iKmoBrcW

Бројот за донација за СОС Детско село е: 143 456. 

 

 

 

27.12.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега