Одложени продолженијата на собраниските седници закажани за денеска

 

Собранието на Република Македонија ги одложи за денеска закажаните продолженија на пет седници  единаесетата, дванаесетата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница. Единствено засега за утре е префрлена дваесет и втората седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.  

Информација за тоа зошто се одложени седниците засега нема. Голем дел од заостанатите точки на четирите седници се или предлози на опозицијата или се очекува и нејзин предлог, како што е онаа за потпретседатели на Собранието. 

За утре во Собранието се закажани седница за пратенички прашања, продолжение на 22. седница, како и седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

 

 

27.12.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега