Сакале да им го земат тракторот - тие ги нападнале полицајците со шипки

 

Маж, жена и нивниот син завчера истепале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициската станица Крива Паланка, кои сакале да им го одземат тракторот, поради немање соодветна документација.

Како што соопшти МВР завчера околу 10 часот и 25 минути, 54-годишниот Д.Т. од Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга, 40-годишната З.Т. и малолетните синови, физички нападнале полициски службеници од Полициското одделение Ранковце и Полициска станица Крива Паланка.

Полицајците требало да извршат интервенција - одземање трактор натоварен со дрва без соодветни документи, сопственост на Д.Т.. Тој со тракторот превезувал околу три кубни метри багремови дрва.

При интервенција на полициските службеници, Д.Т. со метална шипка удрил еден полициски службеник, неговата сопруга каснала друг полициски службеник, а едниот малолетник со рака удрил полициски службеник во пределот на телото.

Напаѓачите биле приведени и задржани во полициската станица Крива Паланка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

27.12.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега