Средба на координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - ќе се вратат ли пратениците од опозицијата во Собрание
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координација одлучи во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно делување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повтори поддршката за неправедно притворените колеги и останатите граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реафирмирајќи ги позициите дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон.
-Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите, стои во соопштението.
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа