Скопјанецот кој со автомобил се заби во билборд се бори за живот

Вчера 30 минути по полноќ на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот С.М. од Скопје изгубилo контрола над возилото и удрилo во метална канделабра, рекламен билборд и ограда.

Од незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Тој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

 

 

 

27.12.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега