Драма на автопатот Скопје-Куманово: Му ставил пиштол на глава додека возел

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава  против 47-годишниот Т.С. од Скопје и 37-годишниот Г.С.  од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.

На 08. месецов околу 50 минути по полноќ на автопатот Куманово-Скопје,  пред бензинска пумпа во село Романовце, Т.С. со патничко возило „Волво“, откако го престигнал од лева страна товарно возило „Сканија“, управувано од  21-годишниот Д.А. од село Градско, преку прозорец  извадил пиштол со цел да го запре.

Во тој момент  од неговата бочна страна наишол  Г.С. и со возилото започнал да го потиснува товарното возило кон неговата десна страна. Тој удрил во товарното возило, по што му пукнала гума и возилото на едниот од насилниците застанало.

Потоа,  Д.А. продолжил со движење кон Скопје и во кругот на една фирма телефонски го пријавил настанот во Полициската станица Куманово, додека второпријавениот го оставил возилото  на автопатот го напуштил возилото.

 

 

 

27.12.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега