Полицијата упадна во локал во Гостивар

Во периодот од 23 до 02 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објект, на 48-годишниот Ф.Т. од селото Неготино, лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.

При контролата, во објектот биле затекнати девет женски лица и тоа шест албански државјанки и три од Република Македонија, кои биле ангажирани како пејачки и танчерки.

Албанските државјанки на возраст од 19 до 39 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта и непријавено работење, биле приведени и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

 

 

 

27.12.2017 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега