Фото: Смачаниот автомобил сведочи за несреќата во Скопје - едно лице се бори за живот

Синоќа, на половина часот по полноќ на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот С.М. од Скопје изгубилo контрола над возилото и удрилo во метална канделабра, рекламен билборд и ограда.

Од незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Тој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

 

 

 

27.12.2017 - 16:16
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега