Струмичани на тезга продавале храна а под тезгата пиротехнички средства

 

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните 31- годишниот Н.М и 27- годишниот  А.М, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

- На 26.12.2017 година, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници извршиле увид и преглед на тезга на која се продават прехрамбени производи во трговски центар во Струмица. При прегледот, под тезгата биле пронајдени вкупно 843 парчиња пиротехничи средства, кои со Потврда за привремено одземени предмети, биле одземени. Пиротехничките средства ги набавил Н.М. и ги сокрил под тезгата на А.М., кој пак ги продавал на граѓаните на Струмица, истакна Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

Истиот ден околу 11.00 часот на булевар „Маршал Тито“ полициски службеници, при пронајденашле дополнително околку 7.300 парчиња пиротехнички средства.

Од СВР Струмица, велат дека преземаат мерки за откривање на сторителот односно сторителите за целосно расчистување на настанот по што, велат, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

 

 

27.12.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега