Села се сомнева дека СДСМ и ДУИ се бореле за здравствениот ресор само од финансиски интерес

 

Села изразува сомнежи дека со изградбата на новиот клинички центар за кој владата беше категорична дека не треба да се гради, можно е да станува збор за некој бизнис помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ.

Ќе се гради нов клинички центар вреден 150 милиони евра, рече Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците, а воедно и довчерашен партнер во владината коалиција предводена од Зоран Заев, во вчерашното гостување во емисијата “Programi 200“ на Алсат-М телевизија.

Села исто така изразува сомнежи дека со изградбата на новиот клинички центар за кој владата беше категорична дека не треба да се гради, можно е да станува збор за некој бизнис помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ.

– Јас се надевам дека не е во прашање некој бизнис помеѓу СДСМ или ДУИ, да би имал факти јас имам морална обврска тие факти да ги изнесам во јавноста. Јас дадов знак и тоа така значи. Ако беше министерство кое воопшто не се проблематизираше, ако се знае дека најпроблематичното министерство кое го има не само Македонија, туку како сфера насекаде во светот е здравството, почнувајќи од САД па се до Македонија, автоматски се раѓаат апетитите на другите партнери на коалицијата. И јас знам дека првично, планот за изградба на новата клиника беше да не се реализира и сега кога се одлучи да се прави новата клиника, тогаш сомнежите се нормални да се појават и затоа станува поинтересно министерството во здравство, истакна Села на Алсат-М телевизија.

Довчерашниот владин коалиционен партнер, Зијадин Села, рече дека Заев и Ахмети не треба да се кријат позади фигурата на Арбен Таравари, туку да излезат пред јавноста и да ја кажат вистината за донесената одлука за изградба на новиот клинички центар.

– Не е добро премиерот и Ахмети да се кријат зад фигурата на Арбен Таравари. Арбен Таравари е толку голем човек каде има место да се кријат овие мали луѓе. Да излезат пред јавноста и да ја кажат вистината. Вистината е дека ќе се гради клинички центар, тоа е добро за здравството воопшто, ќе чини некаде околу 150 милиони евра, и затоа реков, се надевам дека после ова нема да биде овој приоритет туку здравјето, подобрувањето на условите низ болниците со цел граѓаните да имаат нормални услови, добри услови бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти за да одиме во болница, рече тој.

 

 

 

 

27.12.2017 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега