Функционерите на Алијансата за Албанците официјално депонираа оставки во Владата

 

Функционерите на Алијансата за Албанците денеска и официјално депонираа оставки во Владата.

- Три заменици-министри и државниот секретар во Министерството за правда денеска поднесоа оставки во владината архива, а  се очекува де се повлечат од своите функции и уште осум директори, што значи вкупно 12 или 13 функционери кои ќе поднесат оставка од водечки позиции, рече Елми Азири од Алијансата за Албанците за телевизијата Алсат-м. 

Оставки поднесоа замениците-министри за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили, три дена откако претседателот на партијата Зијадин Села ги повика на ваков чекор.

 

 

 

28.12.2017 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега