Села не се кае што бил дел од Влада: Да се вратиме назад, би го направил истото
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во емисијата Клик Плус, зборуваше за последните политички случувања и за растурањето на коалицијата. Села рече дека не му е жал што бил дел од владата од која си заминува објави 21ТВ.
„Доколку се вратиме назад, во истата ситуација во која што бевме, да имав сила да се вратам, на истиот начин би дејствувал иако би знаел дека ќе се случи истото што се случува сега“, рекол Села.
Села исто така рече дека Алијанса за Албанците е избркана од Владата, но од друга страна, истата партија ја има поддршката од меѓународната заедница за самата симболика што ја има партијата. Во врска со заминувањето од Влада, претседателот на АА рече дека немало внатре- партиско незадоволство.
„Разбирливо е било каково незадоволство кога е јасно кој ги прави политичките игри и во врска со тоа кој прави притисоци“, порача Села.
Села исто така истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети не прифатил да разговараат пред локалните избори, како коалициски партнер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа