Божиновски: СДСМ остави без работа над 50 наставници и соработници од образовните институции во Охрид
СДС врши политички реваншизам во образовните институции. СДС наместо живот за сите донесе беда за сите. Се бркаат луѓе од работа само затоа што се политички неистомисленици, обвини денеска Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција која се одржа во просториите на ОК Охрид.
„СДС без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија“, истакна Божиновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа