Ограбен стан во Скопје

Синоќа околу 01 часот и 50 минути  во Полициската станица Бит Пазар, 49- годишната В.С од Скопје , пријавила грабеж.

Имено ноќта на 31.12.2017/01.01.2018 година во времето од 20 часот и 30 минути  до 02,00 часот, непознат сторител  извршил тешка кражба во нејзиниот стан, на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел: 7 рачни часовници (машки и женски), златна алка и пиштол „Црвена Застава 99“, со 2 рамки по 10 куршуми, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг 49- годишниот А.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

01.01.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега