Мислел дека е дивеч па пукал во него: Повреден маж во Штип

Синоќа на полноќ околу 12,00 часот во атар на село Будинарци-Берово, кај  месноста викана .„Лесови ливади“ додека 36- годишен И.П од село Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч,  испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.

Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал 63- годишниот С.К од село Будинарци, кој во моментот собирал плодови.С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.

Истиот бил пренесен во Здравствен  дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.

 

 

 

 

01.01.2018 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега