Прегазил пешаци, па удрил во ѕид - три лица завршија на Ургентен

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила рано утринава околу четири часот во близина на Градската библиотека во Велес. 

Со тешки телесни повреди се здобиле тројца пешаци кога во нив удрил велешанец управувајќи „фиат пунто“. Возачот прво удрил во пешаците, а потоа во потпорен ѕид.  

Од Основното јавно обвинителство денеска соопштија дека екипа на ОЈО од Велес извршила увид на лице место, а издадени се и наредби за прибирање траги од местото на настанот и за вршење анализа на крв и урина од возачот.

Двајца од повредените се пренесени на Клиниката за Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар во Скопје. Едниот пациент е примен на трауматологија и има скршеница на бутната коска и врз него се врши оперативен зафат. Вториот повреден е упатен на Клиниката за максилофацијална хирургија. 

 

 

 

01.01.2018 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега