Кражби, тепачки и напад на полицаец - неколку прекршочни дела за време на новогодишната ноќ

За новогодишната ноќ имало 9 пријави за кривични дела и осум прекршочни дела, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при посетата на СВР Скопје.

- Имаме тренд на намалување. 2017 година сме имале 37 кривични дела и десет прекршоци. До осум часот утринава имаме пријавено девет кривични дела и осум прекршоци. Секако дека во текот на денот ќе има пријави на некои нови кривични дела по кои колегите ќе работат, но генерално можеме да бидеме задоволни од сето она што го работевме како Министерство во перидот што беше пред празниците, пред се во делот на превенцијата и едукацијата, истакна Спасовски.

Тој посочи дека кривичните дела сторени во текот на новогодишната ноќ пред се се тешки кражби, разбојништва и напад на службено лице при вршење на работа во областа на безбедноста. Јавниот ред и мир го нарушиле поединици во угостителски објекти.

 

Тој истакна дека и во 2018 година ќе работат во делот на превенцијата и едукација и оти ќе работат на подобрување на условите на полициските службеници.

 

 

 

01.01.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега