Струмица: Насилно ја отворил вратата и собрал се што стигнал

Денеска во 12 часот А.К од Струмица пријавила дека вчера во времето од 21:30 до 3 часот на улица „Васил Главинов“ поточно во апартмани за издавање од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што одземени се еден машки часовник, три пара женски обетки, две ланчиња Сваровски и еден прстен.

Од МВР информираат дека кражбата е извршена на начин што сторителот со употреба на погоден клуч или калаус  ја отворил вратата од собата, влегол внатре ги украл предметите и заминал.

Полицијата работи на расчистување на случајот и проаоѓање на сторителите.

 

 

 

01.01.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега