Фото: Верижен судир на возила кај клучката Хиподром- едно лице во болница

 Во сообраќајната несреќа што утрово се случи пред клучката Хиподром, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје. 

Од МВР за МИА изјавија дека се уште се врши увид на местото на несреќата и оти информациите со кои засега располагаат укажуваат дека има повредено едно женско лице.  

Сообраќајката се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички. 

Сообраќајката во полиција е пријавена во 7 часот и 40 минути.

На местото се уште се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента. Има поставено и соодветна сигнализација.

 

 

 

02.01.2018 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега