Драма во Скопје - пијан ја истепал сопругата пред сите, па почнал да пука

На првиот ден од оваа година во 11 часот, 22-годишната С.Н.П. од село Петровец пријавила дека на 31.12.2017 година, додека била на гости кај нејзините кумови во село Петровец, дошол нејзиниот сопруг,23-годишниот А.П. и се обидел со сила да ја натера да си замине од таму. Бидејќи бил агресивен и под дејство на алкохол, таа одбила да си замине, по што тој фрлил стаклено шише кон неа и ја удрил по рака. Малку подоцна, С.Н.П.  заедно со нејзините родители, се упатиле на нејзината домашна адреса со цел да земе некои лични работи. Додека била внатре во куќата, слушнала неколку истрели од огнено оружје и кога излегла од куќата, нејзините родители и кажел дека А.П. испукал неколку куршуми во воздух. 

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно рачистување на случајот.

 

 

 

02.01.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега