Претепани татко и син во тетовски ресторан- ги мавале со клоци и тупаници по главата

Синоќа околу 01 часот и 30 минути во угостителски објект на улица „ Јане Сандански“ во Тетово лицата С.С. и неговиот брат Ѓ.С. како и уште едно лице сите од Тетово, извршиле „насилство“ врз 42- годишниот  Л.Т и неговиот син Б.Т. од Тетово.

Од МВР велат дека, тие ги удирале со тупаници и клоци по главата и телото, а искршиле чаши и шишиња од неколку маси.Откако забележале дека сопственикот на објектот побарал полициска интервенција, сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

02.01.2018 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега