Тепачка во скопски ресторан - прво се степал со гостите, па потоа и со газдата

На 01.01.2018 година во 3 часот утрината, 24-годишниот Ф.Д.  од Марино дошол во угостителски објект во населба Илинден-Скопје каде имало приватна забава, но откако не му било дозволено да влезе, Ф.Д. започнал да се однесува агресивно.

Од полиција информираат дека прво имало кратка вербална расправија, помеѓу него и 16-годишниот М.А.и 26-годишниот Б.Ѓ. од населба Илинден и 17-годишниот В.М. и 18-годишниот Д.М. од село Марино, по што следувала тепачка.

После тепачката, 42-годишниот Д.Б., сопственик на угостителскиот објект, физички го нападнал Ф.Д. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

02.01.2018 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега