Три лица повредени во сообраќајката која предизвика застој на излез од Скопје

Уште две машки лица побарале лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по верижниот судар на неколку возила кај клучката Хиподром. 

Претходно, полицијата потврди дека има повредено женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје така што засега вкупно три лица се повредени во сообраќајната незгода. 

Сообраќајката се случи меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички. 

Сообраќајката во полиција беше пријавена во 7 часот и 40 минути.

 

 

 

02.01.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега