Два автомобили гореа во Гостивар- навреме спречена поголема штета

 

Две возила, паркирани на улица во Гостивар биле опожарани, а со интервенција на пожарникарите биле спречени поголеми штети.

Според СВР Тетово, вчеравечер околу 22 часот и 35 минути, пријавено е опожарување на две патнички возила, кои биле паркирани на улица „Питарница“ во Гостивар.

- Од засега неутврдени причини, во предниот дел кај моторот се запалило возило „Цитроeн“ со гостиварски регистерски таблици, сопственост на гостиварецот 70- годишен З.Р, по што огнот се проширил и го зафатил задниот дел од блиското возило „Опел фронтера“, сопственост на 42- годишниот Б.Д, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Со интервенција на гостиварските пожарникари, пожарот е локализиран, а екипа од Полициската станица Гостивар извршила комплетен увид.

Се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и на вкупната материјална штета

 

 

 

02.01.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега