Три лица нападнати од кучиња скитници во Скопје, меѓу кои и дете- маж заврши на Инфективно

Tри лица вчера биле нападнати од кучиња скитници на разни локации во Скопје.

Првиот случај бил пријавен во полиција од страна на 42- годишниот Н.С. кој рекол дека околу 07 часот и 40 минути додека се движел по булевар „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.

Мажот отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

 Во вториот случај, 65- годишниот Х.С пријавил дека на улица „Бањалучка“ околу 14 часот бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.

Третиот случај го пријавила 34 годишната Т.М. Додека таа со нејзиното малолетно дете поминувале на автобуска постојка на улица „Веле Марков“ биле нападнати од две кучиња.

Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.

 

 

 

03.01.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега