Обид за силување на жена во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе  кривична пријава  против 27-годишниот С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. 

Како што соопштуваат од полиција, С.М. на  28.12.2017 година околу 17 часот, со употреба на сила, се обидел да изврши обљуба врз  33-годишната Н.А. во нејзиниот дом на улица „Гроздан Трифунов“ во Кочани. Во тој момент во куќата влегле сестрата и стрината на пријавениот,  кои што го спречиле во намерата.

 

 

 

03.01.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега