Четврто обвинение за Груевски - на 24. јануари закажано судење за предметот „ТНТ“
На 24 јануари во 10 часот е закаано судење за предметот „ТНТ“ на СЈО за уривањето на станбениот комплекс Космос на бизнисменот Фијат Цаноски.
Ова е четврто обвинение за кое се товари поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по „Насилство“, „Траекторија“ и обвинението за „Тенк“.
Покрај Груевски, во овој предмет обвинет е ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски и уште 4 лица. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. СЈО за нив има докази на 29 страници, меѓу кои се прислушувани разговори.
Апелацискиот суд на 4 ноември 2017 година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос да можат да се користат како докази во судската постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа