Страшна сообраќајка вечерва во Македонија: Тримесечно бебе загина, пет лица се повредени

Тримесечно бебе загина, додека пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 17.20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод, меѓу селата Србјани и Староец, потврдија од МВР за МИА.

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево.

Сообраќајот во моментот се пренасочува по алтернативни патишта.

 

 

 

03.01.2018 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега