Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово од 18 часот и 30 минути е во прекин поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ додава дека од 17 часот и 50 минути на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над село Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.

 

 

 

03.01.2018 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега